Јувентус ќе го продаде својот најдобар фудбалер!?

Раководството на Јувентус претстојното лето ќе ги разгледа понудите што ќе пристигнат за италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза, тврди Тутоспорт кој е тесно поврзан со торинскиот клуб.

Киеза не е целосно задоволен од својот статус во тимот што можеше да се забележи по неговата реакција на саботниот меч против Торино. Неговиот договор истекува во 2025 година, а Тутуспорт тврди дека официјални преговори за продолжување на соработката не се ни почнати.

Наводно, за него се заинтересирани Ливерпул и Њукасл, а ако претстојното лето не биде продолжен договорот, Јувентус ќе мора да го продаде за да заработи на него.