Јувентус изгуби, Алегри тврди: Не се почувствува отсуството на Влаховиќ
Синоќа Јуве доживеа болен пораз од Удинезе на домашен терен со кој најверојатно се прости од шампионската титула во Серија, а по мечот Алегри зборуваше за српскиот напаѓач.
„Не се почувствува неговото отсуство. Победивме на многу натпревари без него, го имаме Милик и други одлични играчи“, рече Алегри.
Јувентус сега има седум бода помалку од лидерот Интер и тоа со натпревар повеќе од миланскиот тим.