Јувентус го сака Лаказет, нуди играч(и) плус пари за Французинот

Италијански Јувентус се вклучи во трката за фрацускиот напаѓач во Арсенал, Александре Лаказет, па „старата дама“ според информации на англиските медиуми веќе понудил пари плус играч(и) за да го земе бившиот фудбалер на Лион.

Како што најавуваат од Островот, Јувентус, кој има долга листа на непотребни играчи и новиот тренер Андреа Пирло, планира сериозна реконструкција, ги понудил Гонзало Игуаин, Даглас Коста или Кристијан Ромеро како дел од размена за Лаказет, плус торинскиот гигант да доплати пари.

Арсенал го продава Лаказет за 30 милиони фунти и Микел Артета сака да откачи низа играчи за да собере пари за реконструкцијата на „Емирати“, но и да го ослободи буџетот за плати, бидејќи оснива на новиот тим е Пјер Емерик Обемејанг и нему треба да му дадат 250.000 фунти неделно.

Лаказет три години е дел од Арсенал и има 48 гола на 127 меча, но прашање е дали некој од понудените играчи го задоволува вкусот на Артета и дали е потребен, зашто Вилијан ќе биде ново засилување, а потрошените Игуаин и Коста во моментов би биле втор избор за нападот.