Јувентус го договори најдобриот голман од Серија А за 20 милиони евра

Поранешниот италијански шампион Јувентус сака да се врати на тронот во Серија А, па затоа подготви неколку промени во текот на летниот преоден рок.

На кормилото на „Старата дама“ доаѓа Тијаго Мота од Болоња, а веднаш ќе се ангажираат и неколку засилувања, односно прво кој ќе се пресели во Јувентус треба да биде најдобриот голман од Серија А, Микеле Ди Грегорио.

Ди Грегорио доаѓа од екипата на Монца, а Јувентус за неговите услуги ќе треба да плати 18 милиони евра плус два милиони во бонуси.