Јунајтед се уплаши од ПСЖ: И Жозе Мурињо има милионска отштета за заминување

Англискиот великан Манчестер јунајтед се исплаши од најавите дека францускиот гигант Пари Сен Жермен го демне нивниот менаџер Жозе Мурињо и дека сака да го земе на „Паркот на принцовите“ како наследник на Унај Емери, па на „Олд Трафорд“ реакцијата е експресна – му зкачија оштета на португалскиот тренер.

Според најавите на англиските медиуми, ПСЖ ќе мора да плати 20 милиони фунти како компензација за да го земат Мурињо, што би било рекорд за еден тренер. Ова досега не се случило во светскиот фудбал, но Насер Ал Келаифи, ако сериозно мисли да го земе Португалецот, тогаш парите за него и не се многу, кога веќе ова лето договори две зделки за 400 милиони евра (Нејмар и Килијан Мбапе).

Мурињо има уште две години договор според кој треба да заработува по 10 милиони фунти годишно. Тоа значи дека Манчестер му ставил отштета, да се покрие во случај, Португалецот да добие многу попримамлива понуда и ПСЖ да плати обесштетување. Според најавите, веќе идното лето, Мурињо ќе може да преговара за продолжување на соработката по 2019 година.