Јунајтед му нуди трампa на Наполи - пари плус фудбалер за Осимен!?

Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед е сериозно заинтересиран за услугите на Виктор Осимен, кој претходно се поврзуваше и со Челси, меѓутоа на крајот на летниот трансфер-маркет се пресели на позајмица во Галатасарај.

Осимен постигна девет голови на 11 настапи за Галатасарај, а тоа е доволно за да го привлече интересот од „црвените ѓаволи“ кои имаат проблеми во нападот и сметаат дека искусниот напаѓач може да ги реши.

Најнови детали во медиумите се дека тренерот Рубен Аморим бил подготвен да жртвува еден од тројца фудбалери за да го добие Осимен, кој сè уште е под договор со Наполи.

Наполи наводно е заинтересиран за Хојлунд, Зиркзе и Рашфорд, но и одредена сума на пари за да му дозволи на Осимен да потпише за „црвените ѓаволи“.