Јунајтед му „наредил“ на Зидан да ги одбие сите понуди и да чека - смена на Мурињо

Манчестер јунајтед се наоѓа во тешка ситуација сезонава, откако не ја почна сезоната како што посакуваа, а вчера беа пред дебакл на „Олд Трафорд“ против Њукасл, но на крајот успеаа да се спасат и да триумфираат со 3-2.

Управата на „црвените ѓаволи“ контактирала со Зинедин Зидан и му дале услов да ги одбие сите понуди ако сака да го замени Жозе Мурињо на клупата.

„Мирор“ пишува дека одлуката за отказ на Португалецот е веќе донесена, па наскоро се очекува и официјално соопштение, иако претходно беше демантирано дека Мурињо ќе замине од „Олд Трафорд“.

Наводно, управата на Јунајтед едногласно го избрала Зидан за наследник на Мурињо, но ќе мора да почекаат уште некој период пред да се случи тоа.

Зидан почна да учи англиски јазик и ја чека својата шанса, па наскоро би можеле да го гледаме на клупата на „црвените ѓаволи“.