Јунајтед мора да продаде 12 милиони дресови за да го исплати Роналдо

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер јунајтед по 12 години и тоа предизвика еуфорија кај навивачите, кои побрзаа да го купат дресот со една од најголемите ѕвезди во светот.

Роналдо ја доби „седумката“, а еден негов дрес во фан-шопот се продава за 60 фунти, но само мал процент од продажбата на дресови ја добива клубот.

Англиските медиуми објавија дека Јунајтед во договор со Адидас добива само 4,20 фунти од продаден дрес што е малку во споредба со вкупната цена на дресот.

Трансферот на Роналдо во Јунајтед чини околу 12 милиони фунти, плус Португалецот потпиша двегодишен договор со плата од 20 милиони фунти по сезона, па вкупните трошоци ќе надминат 50 милиони фунти.

Тоа значи дека Јунајтед ќе мора да продаде околу 12 милиони дресови за да го исплати трансферот на Роналдо.