Јунајтед го договори Ким, ама за Осимен им побарале – 140 милиони фунти!

Уште пред десетина дена европските медиуми веќе објавија дека соиграчот на Елиф Елмас во Наполи, Ким Мин Јае се сели во Манчестер јунајтед за 50-на милиони евра, но „црвените ѓаволи“, сакале да го купат и првиот стрелец Виктор Осимен, но цената е – огромна.

Според „Ил Матино“, весник од Неапол, раководството на наполитанците експресно им одговорило на „ѓаволите“ под кои услови нигерискиот репрезентативец кој сезонава се изнадава голови во историската сезона е достапен, а тоа е да платат 140 милиони фунти.

Ако Јунајтед вака го одврзе ќесето, Осимен би го урнал премиерлигашкиот рекорд кој зимава го постави Енцо Фернандез со трансферот од Бенфика во Челси, но оваа желба Јунајтед да проба да го ангажира Осимен е најава многу извесно е дека на „Олд Трафорд“ се откажуваат од опцијата за ангажман на Хери Кејн од Тотнем, чија цена е 120 милиони фунти за премиерлигашки екипи.

Инаку за Осимен сериозно загреан е и Баерн Минхен, а и Нигериецот сака да оди во Германија зашто неговата девојка е Германка, но прашање е дали воопшто Баварците ќе тргнат да го ангажираат на ваква цена која има центарфорот.