Јаховиќ од пенал ја спаси Анталијаспор од пораз (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ продолжи да ги решета противничките мрежи, а со денешниот погодок ја спаси Анталијаспор од пораз против Газиантеп.

Домаќините постигнаа гол во 58. минута за водство од 1-0, но во намерата да освојат три бода ги спречи токму Јаховиќ, кој беше прецизен од белата точка.

Јаховиќ го постигна 16 гол сезонава, па така се искачи на третото место на листата со стрелци. Од друга страна, Анталијаспор со денешното реми остана на деветтата позиција со 37 бодови.