Избрана е најдобара постава сезонава во Серија А (ФОТО)

Во време кога речиси сите лиги се „замрзнати“ поради коронавирусот, специјализираниот портал за фудбалска статистика „СофаСкор“ ја избра најдобрата постава во Серија А во досегашниот дел од сезоната.

Најдобарата постава е составена од просечните оценки на играчите кои до сега ги добиваа.

Како што се очекуваше, најмногу играчи има од лидерот и второпласираниот тим во Серија А, екипите на Јувентус и Лацио, два играча има Интер, додека по еден Фиорентина, Аталанта и Рома.