Историја во Ла Лига: Една четвртина во лигата се тимови од Мадрид

Рајо Валјекано се врати во Ла Лига, откако го освои првото место во втората лига. Денеска тимот од Мадрид го победи Луго со 1-0 и заедно со Хуеска на едно коло до крајот на првенството обезбедија пласман во елитата. Третиот учесник во Ла Лига од Втората лига ќе биде познат по плеј-офот. 

Она што е најинтересно е фактот што следната сезона во Ла Лига ќе играат дури пет тимови од Мадрид. Вакво нешто никогаш до сега не се случило во историјата на елитниот шпански фудбал.

Од главниот град на Шпанија во Ла Лига следната сезона ќе се натпреваруваат Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Рајо Валјекано, Хетафе и Леганес.