
Лука Дончиќ нема да игра за Словенија
Александер Секулиќ одлучи да го одмори најдобриот играч на Словенците кој во текот на оваа недела се приклучи на подготовките и се уште не е во натпреварувачки ритам. И Германците вчера во Стожице не беа комплетни, бидејќи не настапија Денис Шредер, Даниел Тајс и Маодо Ло.
Дончиќ ќе има време за одмор затоа што идната недела Словенија ја очекуваат дуели со Литванија и Летонија, на 19 август се среќава со Велика Британија, а два дена подоцна со Србија во Белград што ќе биде генерална проба пред почетокот на Еуробаскетот.