Искрена честитка од Лампард за Салах - пред да бидат уклучени камерите (ВИДЕО)

Мохамед Салах има фантастична сезона во дресот на Ливерпул и можеби единствениот фудбалер во светот, кој моментално може да им парира на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Остануваат уште неколку дена до финалето во Лигата на шампиони помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, а тоа беше повод за едно интервју помеѓу Еѓипќанецот и Френк Лампард. Двајцата се познаваат уште од времето кога играа во Челси, но сега двајцата се на различни страни. Лампард работи како аналитичар и новинар во БТ Спорт, додека Салах прерасна во екстра фудбалер.

Пред да започнат со снимање на интервјуто, Лампард искрено му честиташе на Салах за сезоната.

„Едноставно сум пресреќен за тебе... брилијантен си“, му рече Англичанецот на својот поранешен тимски колега пред да започне интервјуто, но моментот го фати клупската камера на Ливепул.