Инзаги на клупата на Јувентус?

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги е првиот фаворит за да седне на клупата на Јувентус. „Старата дама“ е без тренер откако заврши соработката со Алегри, кој пак веерва против Аталанта ќе се прости со клубот од Торино.

Сега италијанскиот шампион бара негова замена, а според последните информации тројца тренери се во игра. Прв фавори е тренерот на Лацио, Симоне Инзаги, а освен него во игра се и Маурицио Сари, но и Синиша Михајловиќ.