Интер со пресврт ја освои Фиренца (ВИДЕО)

Интер со големи три бода се враќа од Фиренца, каде што со пресврт ја совлада незгодната Фиорентина со 3-1 за четврти триумф во Серија А и скок до првото место на табелата.

Фиорентина одигра многу добро прво полувреме во кое го надигра актуелниот шампион, а до водство стигна во 23. минута.

Радоста на домаќините траеше до 52. минута кога Матео Дармиан израмни на 1-1, а три минути подоцна босанскиот напаѓач Един Џеко стрелаше за 2-1, додека конечните 3-1 ги постави Перишиќ.

Интер е прв по пет одиграни меча со 13 бодови, додека Фиорентина е на шеста позиција со девет бода.

На вториот меч кој се играше во истиот термин Аталанта славеше против Сасуоло со 2-1.