Интер се договорил, Икарди заминува од Италија!?

Италијанските медиуми пишуваат дека Интер се договорил за трансферот на Мауро Икарди, кој ќе ги напушти Апенините и најверојатно ќе се пресели во Монако.

Бепе Марота разговарал со генералниот менаџер на „кнезовите“, Олег Петров, а висината на трансферот ќе изнесува 60 милиони евра плус пет милиони за бонуси.

Истиот износ го нуди и Наполи, но „нераѕурите“ сакаа да го продадат Аргентинецот надвор од Италија, па очигледно успеале во нивните намера.

Монако за голгетерот подготвил плата од 12 милиони евра годишно и договор на пет години.