Интер ги помина Ливерпул и Баерн и сега е најефикасен тим во топ-5 лигите

Лидерот на табелата во Серија А, Интер е тим со најголем број голови во најсилните пет лиги во Европа, по синоќешниот триумф против Аталанта со 4-0.

„Нераѕурите“ сега имаат вкупно 67 гола и ги поминаа Ливерпул и Баерн кој има четири помалку. Во последните четири кола, Интер редовно постигнуваше по четири погодока со што ја потврди одличната форма во која се наоѓа на почетокот од 2024 година.

На 12 кола пред крајот на сезоната, Интер е убедлив лидер на табелата во Серија А, со 12 бода предност Јувентус и 16 пред градскиот ривал Милан.