Скандал во Премиер лигата: Навивач ги шпиунирал фудбалерите на Манчестер Јунајтед?!
Натпреварот на „Вила Парк“ заврши без голови и така се продолжи агонијата на екипата од „Олд Трафорд“, а на посебен удар се најде менаџерот Ерик Тен Хаг.
Островските медиуми сега пренесуваат дека соблекувалната на Манчестер Јунајтед на овој натпревар била озвучена со на два дена пред натпреварот кој беше игран на 6 октомври.
„Сан“ пренесува дека сторителот тоа го направил за да го сними говорот на Тен Хаг кон фудбалерите.
„Ова е шокантно кршење на правилата за безбедност и навистина е сериозно лошо што вакво нешто се случи. За среќа во инцидентот немаше некоја посебна намера. Во прашање е навивач на Манчестер Јунајтед кој сакал само да слушне што се зборува во соблекувалната. Но, тоа не е причина да нема грижи бидејќи останува прашањето како тој успеал да направи такво нешто“, изјави изворот за „Сан“.
Наводно сторителот еден ден по натпреварот си го земал микрофонот од соблекувалната.