
Интер добил понуда од 100 милиони евра во финалето на ЛШ да рекламира - порно-страница
Интер во борбата за финале играше со дресови без спонзор, зашто првично договорениот „Дигиталбитс“ нема платено ни цент поради колапсот на неколку крипто-берзи, а овој ист спонзор имаше договор и со Рома, но и „волчицата“ ги тргна од дресовите, а и овој калчолигаш стигна до европско финале, во Лига Европа.
И сега на адреса на „нераѕурите“ дошла неморална понуда од страница за порно и веќе испратиле понуда вредна 100 милиони евра. Почетокот на рекламирањето би бил од финалето, а потоа соработката да потрае до 2029 година.
Но, тешко дека Интер ќе ја прифати, зашто последните најави се дека Интер за финалето планира да стави бесплатно една хуманитарна организација како спонзор.