Интер брзопотезно го реши Сасуоло за да скокне на второто место во Калчото (ВИДЕО)

Милански Интер брзопотезно го реши Сасуоло и тоа во воведните 15 минути од мечот, за да стигне до лесна и убедлива победа со 3-0 по која „нераѕурите“ скокнаа на второто место на калчолигашката табела прескокнувајќи го денешниот противник.

Алексис Санчез во четвртата и Влад Кирикеш десет минути подоцна на Интер му донесоа голема победа уште во раната фаза од мечот, па Матео Гаљардини само го потврди веќе обезбедениот триумф со трет гол по еден час игра и Интер стогна до петата победа сезонава, а втора во низа после кризата во која се најде бившиот италијански првак.

Миланскиот гигант сега има 18 бода, исто колку и Сасуоло, но е втор поради подобрата гол-разлика и на на два бода од градскиот ривал Милан, кој има 20 бода, но и меч помалку.