Имобиле го „нокаутира“ Удинезе: Лацио закажа четвртфинале против Милан (ВИДЕО)

Удинезе се покажа како незгоден противник за Лацио, но „небесно-сините“ од Рим успеаа во судиското продолжение преку Чиро Имобиле да се изборат за пласман во четвртфинале на италијанскиот Куп.

Лацио имаше неколку големи шанси во финишот од натпреварот, но Удинезе успеа да се одбрани и да ја зачува својата мрежа во регуларните 90 минути. Сепак, радост за тимот од Рим донесе Имобиле кој со лоб во 106. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

Гигантот од Рим се пласираше во четвртфинале на Купот, каде што ќе се соочи против Милан, кој претходно славеше против Џенова со 3-1.