„Икарди е бескорисен за Интер кога не постигнува гол“

Интер ја прекина серијата од три натпревари без пораз, викендов „неоразурите“ славеа на гостувањето во Парма 0-1. Сепак, тоа што го загржува Лусијано Спалети е лошата форма на Мауро Икарди кој одново одигра слаб натпревар и не успеа да се запише во листата на стрелците. 

Аргентинскиот напаѓач се наоѓа во лоша форма и постојано е напаѓан од спортската јавност, „отровни“ стрели кон Икарди упати и поранешниот италијански фудбалер, Паоло ди Канио.


„Да се биде капитен на Интер е голема одговорност, кога тимот е во тешка ситуација потребни му се лидери како Икарди да ги поведе напред. Меѓутоа, Мауро не го прави тоа, не може ниту правилно да изведе слободен удар. Кога не постигнува гол, него едноставно го нема на теренот“, изјави Ди Канио. 


Икарди нема постигнато гол во Серија А уште од натпреварот со Удинезе на 15 декември минатата година.