Голгетерот на Јувентус, Гонзало Игуаин заработи силен удар во главата од голманот на Лече, Габриел. 

Инцидентот се случи во последните моменти од натпреварот на „Вија дел Маре“, кој заврши со резултат 1-1. Аргентинецот заработи расекотина на главата, бидејќи Габриел во обидот да избоксува една топка, го закачи противничкиот фудбалер со лактот.

Игуан итно беше пренесен во болница по натпреварот и првичните информации се дека има потрес на мозокот. Ќе му биде потребно мирување, но се очекува тој брзо да се врати на тренинзите на Јувентус.