Игуаин, Дибала, Пјаниќ... Јувентус купува уште една ѕвезда од Серија А!?

Јувентус дефинитивно сака да ги купи сите квалитетни играчи, кои играат во италијанската Серија А, а овој пат на нивната листа со потенцијални засилувања се наоѓа фудбалер на Лацио.

Гонзало Игуаин, Пауло Дибала, Миралем Пјаниќ и Федерико Бернардески играа во некои клубови во Серија А, но нивните квалитети лесно ги забележа Јувентус, па ги ангажираше во својата екипа. Истото сценарио сега може да се повтори со Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Србинот е подготвен за голем трансфер по одличната сезона во Лацио и за неговите услуги интерес покажуваат Манчестер јунајтед, но во приказната се вклучи и Јувентус.

„Старата дама“ не сака Милинковиќ-Савиќ да замине во Англија и ќе се обиде да го ангажира во своите редови, но Лацио бара најмалку 100 милиони евра за својата ѕвезда.

Сезонава, 23-годишниот фудбалер за врска на Лацио, постигна 11 голови и осум асистенции на 40 натпревари во сите натпреварувања, од што девет гола и три асистенции на 30 натпревари во Серија А.