Ибрахимовиќ: Дојдов, видов, освоив - сега вратете се да гледате бејзбол

Златан Ибрахимовиќ дефинитивно нема да ја продолжи фудбалската кариера во Лос Анџелес галакси, бидејќи денеска се збогуваше со МЛС-лигата преку социјалните мрежи. 

Швеѓанецот не би бил тоа што е, ако не се прости од Американците со интересен статус.

„Дојдов, видов, освоив. Ти благодарам ЛА Галакси што направи повторно да се чувствува жив. До навивачите на Галакси, го сакавте Златан, ви го дадов Златан. Повелете и друг пат. Приказната продолжува... Сега можете да се вратите да гледате бејзбол“, напиша Ибрахимовиќ во поздравот до Галакси и навивачите.