Ибра имал интересен облог за Лукаку, но Белгиецот без размислување го одбил

Златан Ибрахимовиќ е сигурен дека Ромелу Лукаку е големо засилување за Интер, но порача јасно дека не треба да се очекуваат многу работи од него во еден дел од играта.

Лукаку и Ибрахимовиќ поминаа една полусезона заедно на „Олд Трафорд“ а Белгиецот го воодушеви Ибра со неговата сила и чувство за гол.

Ибрахимовиќ откри дека на Лукаку му нудел интересен облог кога станува збор за Јунајтед, но Белгиецот немал храброст да го прифати.

„Немој многу да очекувате од него во технички аспект, но неговата предност е силата. Кога бевме во Јунајтед му понудив да се обложиме. Му реков ќе му дадам 50 фунти секој пат кога ќе ја прими топката од прв допир. Така сигурно ќе станеше подобар фудбалер, но не смееше тоа да го прифати“, откри Ибрахимовиќ.