И ова го има: Судии во Италија молат да не ѝ судат на Рома поради Мурињо!

Вообичаено не само во Италија, туку на секаде низ светот е клубови незадоволни од еден или неколку судии да бараат од судиската организација во својата лига да не им ги делегираат тие ербитри, ама на Апенините се случува неверојатна спротивна работа.

Според информации на „Ил Џорнале“, првиот човек на судиите во италијанскиот фудбал Џанлука Роки добил молби од неколкумина судии кои му пристапиле и побарале од него да не ги делегира на мечевите на Рома, од една причина – Жозе Мурињо.

Мурињо веќе неколкупати во минатата сезона жестоко реагираше на арбитражата, ги напаѓаше судиите, добиваше исклучувања и казни заедно со помошниците и „специјалниот“ никако да се смири, а УЕФА пред два дена жестоко го казни за Европа со четири меча поради агресивно однесување и навреди на англискиот арбитар Ентони Тејлор.

Мурињо веќе две години е на клупата на Рома, а веќе сигурно е дека ќе ја води „волчицата“ и во новата сезона, за него трета во „вечниот град“.