И Мурињо се пожали: Злосторство е тоа што мора во сабота пак да играме!

Тренерот на Тотнем, Жозе Мурињо е разочаран поради густиот распоред на натпревари во англиската Премиерлига.

Само два дена откако го победија Брајтон со 2-1, Тотнем ќе мора повторно да игра и тоа утре против Норич.

„Злосторство е тоа што мора повторно да играме за два дена. Тоа е против секој закон на психологијата и биологијата“, вели Мурињо.

Тотнем по дуелот во сабота ќе мора д аигра и во среда против Саутемптон, па тоа значи дека во шест дена ќе одиграат дури три меча.