Хорор-сведочење: Менди трипати ме силуваше и ме остави да крвавам!

Почетокот на судењето на фудбалерот на Манчестер сити, Бенџамин Менди, го донесе првото сведочење за ужасот низ кој минале силуваните девојки, за што, ако биде прогласен за виновен, може доживотно да заврши во затвор.

Тој е обвинет за силување и сексуален напад на осум жени, што го отфрли како неточно. Прва сведочела 20-годишна девојка, која го запознала фудбалерот во бар и која потоа заминала во неговата куќа каде што била присилена на секс.

„Ми рече да не кажувам никому за да можам да доаѓам секоја вечер“. Како да е привилегија да имаш секс со него. Се чувствував како тоа да е најдолгиот ден во мојот живот. Телото ми беше напнато. Тоа беше само оваа болка”, изјави девојката.

Жртвата исто така објаснила дека Менди ѝ го зел мобилниот телефон и го заклучил во една од собите за паника, со бравата што ја има фудбалерот во својата „замок на ужасите“ и побарал од неа да се соблече.

„Слушај, го сакам мојот телефон, не знам што мислиш дека се случува. Не сакам секс со тебе. Но, вратата беше затворена“, наводно му рекла младата жена на Менди.

Казната на фудбалерот може да се движи од пет до 20 години затвор, иако би можел да се соочи и со можна доживотна затворска казна. Судењето продолжува, а се шпекулира дека од сето ова тешко дека ќе може да се извлече, без разлика на популарноста и огромното богатство што го има стекнато низ кариерата благодарение на богатите договори.

Менди десет пати го носеше дресот на француската репрезентација, а 28-годишниот играч пред Сити играше за Монако, Марсеј и Ле Авр.