Хетафе конечно победи и се приклучи во борбата за топ-4 во Ла Лига (ВИДЕО)

Хетафе славеше на домашен терен против Реал Сосиедад со 2-1 и така ја прекина лошата серија од пет меча без победа, со што остана во игра за пласман меѓу најдобрите четири во Ла Лига.

Мата од пенал донесе водство за Хетафе, по што Реал Сосиедад во 55. минута израмни преу Јанузај.

Сепак, Мата погоди и по вторпат на денешниот меч во 83. минута и така ги постави конечните 2-1 за три бода за Хетафе.

Хетафе има 52 бодови, односно два помалку од четвртопласираната Севилја и шест помалку од Атлетико Мадрид.