Хет-трик на Санчо: Дортмунд со шест гола го растури Падерборн (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд немаше милост денеска на гостувањето кај Падерборн, па ги „почести“ домаќините со шест голови во нивната мрежа.

Азар го отвори резултатот во 54. минута, по што следеше брз гол од Џејдон Санчо за 2-0. Домаќините во 72. минута успеаа да намалат на 1-2, по што Дортмунд притисна уште повеќе и даде четири голови.

Санчо во 74. минута зголеми на 3-1, по што следеа погодоции на Хакими и Шмелцер за 5-1, а токму Санчо ко комплетираше својот хет-трик во 91. минута и ги постави конечните 6-1.

Дортмунд е второпласиран со 60 бодови, односно седум помалку од лидерот на табелата Баерн Минхен.