Хаверц израмни рекорд и покажа зошто е желба на европските гиганти (ФОТО)

Баер Леверкузен славеше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со 3-1, а два гола за гостите постигна феноменалниот Каи Хаверц, кој уште еднаш покажа зошто е желба на европските гиганти.

Хаверц со неговите два погодоци во денешниот меч стигна до бројката од 34 голови пред својот 21. роденден и така го израмни рекордот на Клаус Фишер, кој настапуваше во период од 1968 до 1988 година.

Сепак, младиот фудбалер има шанса да го урне овој рекорд бидејќи Леверкузен треба да одигра уште три меча до неговиот роденден, кој е на 11 јуни.