Хаос во Барселона: Директори поднесуваат оставка поради Суарез

Дел од челниците на Барселона се разочарани од продажбата на Луис Суарез во Атлетико Мадрид и се закануваат со оставки, јавуваат шпанските медиуми. 

Тие не можат да поверуваат како претседателот Жозеп Мариа Бартомеу дозволи Уругваецот да замине во лут ривал и тоа без обештетување. Уругваецот потпиша двегодишен договор со мадридскиот тим, а Барселона ќе добива по 2 милиони евра бонус, за секој пласман на Атлетико во четвртфиналето во Лигата на шампиони додека игра за клубот. 

Суарез е третиот најдобар стрелец во историјата на Барселона, па дел од директорите на клубот сметаат дека е срамно тој да си замине на ваков начин и без обештетување. Уругваецот има 197 голови во дресот на Каталонците на 283 натпревари.