Халанд го прекрши законот во Англија и си доби казна (ФОТО)

Норвешка има лош старт на квалификациите за Европското првенство (ЕП), откако загуби од Шпанија, а потоа ремизираше со Грузија и јасно може да се забележи дека на теренот недостига најголемата ѕвезда Ерлинг Халанд.

Додека неговата репрезентација губи бодови, Халанд во Англија го прекршил законот затоа што користел мобилен телефон додека возел и поради тоа доби казна.

Халанд ќе мора да плати казна од 200 фунти, а ќе добие и шест казнени бодови поради прекршеното правило.