Халанд го израмни рекордот на Роналдо - 100 гола на 105 настапи!

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд игра одлично од почетокот на новата сезона, па вчера погоди против Арсенал (2-2) и стигна до 100 погодоци во кариерата.

Интересно е тоа што на Халанд му беа потребни само 105 настапи за да стигне до бројката од 100 голови, а такво нешто претходно му успеа на Кристијано Роналдо.

Халанд оваа сезона настапи на пет меча во Премиерлигата, а постигна вкупно 10 голови.