Халанд донесе победа, Сити е нов лидер во Премиер лигата (ВИДЕО)
Со оглед на тоа што до крајот на сезоната ќе се брои секој гол во борбата за титулата, се очекуваше Сити да се обиде да дојде до поубедлив триумф, но Барнли не дозволи да се случи тоа. Стрелец на единствениот гол беше Ерлинг Халанд уште во петтата минута, Сити потоа имаше неколку стопроцентни шанси, но мрежите не се затресоа повторно.
Сити сега е првопласиран на табелата само затоа што има повеќе постигнати голови (69) од Арсенал (66). Гол разликата на двете екипи е идентична (+37), па во последните пет кола се очекува невидена драма во борбата за шампионската титула.