Гвардиола си го купува својот миленик од Баерн!?

Англиските медиуми пишуваат дека тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, сака да го ангажира Тијаго Алкантара од Баерн Минхен.

Играчот за врска е негов миленик, а сите се сеќавате дека токму Гвардиола инсистираше Баварците да го купат Алкантара од Барселона, па сега таа приказна се повторува и во Манчестер.

Се претпоставува дека „граѓаните“ за трансферот ќе треба да потрошат околу 50 милиони фунти, а тоа е апсолутно ништо, со оглед на буџетот, кој му го ветија на својот тренер за летово.