Гвардиола пресече: Нема да бидам тренер на Јуве!

Тоа што веќе некое време се шпекулираше, денес доби официјална потврда. Масимилијано Алегри не е повеќе тренер на „старата дама“ и по завршетокот на сезоната ќе го напушти Торино.

Едно од најспоменуваните имиња за наследник на италијанскиот стратег беше тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола. Сепак, тој ги негираше дека ќе се пресели во Италија.

„Колку пати треба да кажам. Не одам во Јувентус, не се селам во Италија. Задоволен сум овде, не одам нигде. Наредната сезона ќе бидам тренер на Манчестер сити“, ги разреши шпекулациите Шпанецот.