Гвардиола носи дефанзивец од екипа која е пред испаѓање од Премиерлига

Манчестер сити има проблеми во одбраната, па поради тоа тренерот Пеп Гвардиола сака ново засилување, кое би можело да пристигна од Бормут.

Дефанзивецот Нејтан Аке би можел наскоро да го облече дресот на „граѓаните“, откако „Гардијан“ објави дека Сити е сериозен во неговата намера да го ангажира.

Поранешниот англиски шампион најверојатно ќе плати околу 35 милиони евра, а 25-годишниот фудбалер сезонава одигра 30 натпревари во дресот на Бормут.

„Граѓаните“ претходно се поврзуваа и со трансфер на Хозе Хименез.