Гвардиола доби одлични вести пред дербито со Челси

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола доби одлични вести пред дербито против Челси затоа што во екипата се враќаат неколку повредени фудбалери.

Гвардиола ќе може да смета на стоперите Ејмерик Лапорт и Џон Стоунс, но засега не е сигурно кој од нив ќе заигра покрај Рубен Дијас. А на тренинзи се вратија и Родри и Зинченко.

„Некои се вратија на тренинзи, но конечната одлука за нивниот настап ќе ја донесеме на денот на мечот кога ќе видиме како се чувствуваат. Нема сите да бидат во конкуренција за натпреварот“, вели Гвардиола.

Натпреварот меѓу Челси и Манчестер сити се игра в сабота од 13.30 часот.