Гуџуфи опериран после тешката повреда на коленото

Големиот македонски талент и екс-вардаров бисер Бесир Гуџуфи, членот на турски Бешикташ беше опериран после тешката повреда на коленото за време на кампот на македонската младинска репрезентација до 19 години чиј член е.

Гуџуфи е екс-вардарово дете, кој преку струмичка Беласица замина во Бешикташ, а летово го доби првиот професионален договор во гигантот и потпиша петгодишна соработка, но уште на стартот од својата сениорска кариера доживеа голем пех.

Бешикташ објави дека Гуџуфи извршил артоскопска операција на надворешните вкрстени лигаменти, како и на оштетениот менискус и веднаш после операцијата стартува со долгата рехабилитациска програма.

Повредата на Гуџуфи е хендикеп и за Македонија и селекцијата до 19 години која ја очекува предизвикот со новата рунда квалификации.