Гром од ведро небо: Ливерпул си најде замена за Кутињо!

Откако го загубија Фелипе Кутињо, но финансиски добро се офајдија од трансферот во Барселона, премиерлигашот Ливерпул бара замена за Бразилецот во средниот ред, а како што објавија шпанските медиуми, членови на управата на „црвените“ веќе имале средба со челниците на европскиот првак Реал Мадрид за шпанскиот младински репрезентативец Дени Себалјос.

Себалјос летоска се приклучи на таборот на  „кралевите“ за 12 милиони фунти од Бетис, но сепак немаше голема минутажа во екипата од Мадрид, па неодамна изјави дека се кае што ја прифатил понудата на „кралевите“. Тоа што е извесно е дека фудбалерот од средниот ред сака да најде тим каде што ќе има минутажа, па очекувано се подготвува да направи нов чекор во својата кариера.

„Диарио Гол“ тврди дека шпанскиот репрезентативец е блиску до трансфер во Англија, во Ливерпул, каде под палката на Јирген Клоп ќе има одлична можност за напредок и развој во кариерата.