Големи се разликите: ПСЖ и Барса по првата рунда преговори за Нејмар – не се договорија!

И понатаму трае сагата за Нејмар, а очигледно Бразилецот заврши со парижаните и останува само да се види каде ќе ја продолжи кариерата.

Денеска беше одржан првиот состанок меѓу претставници на Барселона и ПСЖ, а договор не беше постигнат меѓу двете страни.

Барселона е подготвена да го понуди Филипе Кутињо или Иван Ракитиќ, па да го донесе Бразилецот на позајмица, а следното лето да го откупи за 100 милиони евра.

ПСЖ има поинаква идеја. Спортскиот директор Леонардо го бара Кутињо, Нелсон Семедо плус пари, па останува да видиме дали Барселона ќе се согласи со тоа.