Марковиќ: Подготовките ќе ги искористиме за подобар настап во Турција
По собирот и одработениот прв тренинг, Марковиќ истакна дека неделата ќе биде искористена за осум до десет тренинзи пред турнирот во Турција кој за нас ќе биде подготовка за настапот на Европското првенство декември.
„Повторно сме на собир на женската репрезентацијата на Македонија во ЕХФ-неделата. Сите повикани ракометарки се здрави и се надевам дека така и ќе остане. Овој пат одлучивме комплетните подготовки да ги одработиме во Скопје каде ќе имаме осум до десет тренинзи. Желбата е оваа недела да ја искористиме за добро воигрување на тимот, ќе бидат реализирани тренинзи за подобрување и на нападот и на одбраната, па се надевам дека тоа успешно ќе го користиме и на турнирот во Турција, а потоа и секеко на Европското првенство“, изјави Марковиќ.
Турнирот во Турција се игра од 27 до 29 ноември и на него ќе ги одмериме силите со Финска, Италија и домаќинот Турција.