
Голем удар за Јунајтед: Ериксен три месеци надвор од теренот!
Инцидентот се случи на неодамнешниот меч од ФА купот на „ѓаволите“ против второлигашот Ридинг (3-1), кога поранешниот репрезентативец на „Гордиот Албион“ имаше лош старт од зад грб врз странецот и тоа на средина од теренот.
„Ериксен ќе паузира подолг период поради повреда на зглобот здобиена во победата над Ридинг во ФА Купот. Нашиот играч од средниот ред ја напушти играта во второто полувреме откако беше соборен од Енди Керол, а подоцна тој беше исклучен поради два жолти картони. Првичните проценки се дека ќе се врати кон крајот на април или почетокот на мај. Неговото отсуство е големо разочарување за тренерот Ерик тен Хаг и навивачите, со оглед на тоа што играше константно оваа сезона“, објави Манчестер Јунајтед.