Голем проблем за Барса: Левандовски се повреди пред најважните мечеви во сезоната!

Екипата на Барселона синоќа со драматичен пресврт ја совлада Селта (4-3) на домашен терен во натпревар од 32. коло на Ла Лига, иако на момент губеше со 1-3, но победата беше засенета од повредата на Роберт Левандовски.

Според шпанскиот спортски весник „Ас“, напаѓачот заработил повреда на задната ложа и се очекува да отсуствува околу три недели. Ова е сериозен удар за тимот на Ханси Флик, бидејќи полскиот голгетер најверојатно ќе ги пропушти клучните натпревари во следниот период. Доколку прогнозите се потврдат, Левандовски ќе го пропушти финалето на Купот на кралот против Реал Мадрид на 26 април, како и двата натпревари од полуфиналето на Лигата на шампиони против Интер, закажани за 30 април и 6 мај.

Ветеранот оваа сезона е во одлична форма, со 25 голови и две асистенции на 31 натпревар во Ла Лига.

ФОТО: FC BARSELONA