Голеада на „Камп Ноу“: Хет - трик на Меси, мајсторија на Суарез за нова победа на Барса (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона сосема заслужено запишаа нова победа во домашното првенство, откако на домашен терен славеа против Мајорка со 5-2.

„Каталонците“ уште на стартот покажаа за што истрчаа на теренот, а уште во 7. минута Антоан Гризман го отвори резултатот. Десет минути подоцна, Лионел Меси погоди за 2-0, а до полувремето во листата на стрелци се запишаа и Будимир (за 2-1), Лионел Меси (3-1) и Луис Суарез, кој во 43. минута имаше вистинско ремек дело на теренот за 4-1. Уругваесот постигна гол со петица по проигрувањето од Френки де Јонг.

Во вториот дел, Будимир намали на 4-2, а конечните 5-2 ги постави Меси во 83. минута.

Со оваа победа Барселона се врати на првото место на табелата со 34. бода, исто колку што има и тимот на Реал Мадрид.