Гол на Несторовски, Салернитана му е редовен пациент! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски постигна гол за Удинезе на мечот против Салернитана, негов втор оваа сезона во Серија А.

Несторовски погоди во 30. минута од натпреварот и му донесе водство на Удинезе од 2-0. Салернитана е редовен пациент на нашиот фудбалер, против овој тим редовно има или гол или асистенција кога е во стартниот тим.