Го нема Нејмар, ги снема и победите на ПСЖ (ВИДЕО)

Заврши победничката серија на ПСЖ во Лига 1 и за прв пат сезонава не успеа да слави. „Светците“ одиграа само без голови на гостувањето кај Монпелје.

ПСЖ имаше шест победи по ред во првите шест кола од првенството, а во седмото коло дојде и првото реми и прв пат не постигна гол на еден натпревар. Нејмар не беше во составот поради повреда на стапалото и се покажа дека неговите соиграчи не можат да го најдат патотот до мрежата. 

„Светците“ и натаму остануваат лидери на табелта со 19 бодови или еден повеќе од шампионот Монако.